ЕДНА ПАЦИЕНТКА СЀ УШТЕ Е ВО ТЕШКА СОСТОЈБА Фондот за здравство ќе ги покрие сите трошоци за повредените во несреќата во Кочани
Директорот на Фондот за здравствено осигурување посочи дека кај пациентката, која сè уште е во тешка состојба, е направена проценка за поголема трансплантација на кожа. Како што објасни, станува збор за инфективна состојба што се третира со најсоодветна терапија и со најсилни антибиотици што во моментов се достапни.
Состојбата на повредените во дискотеката „Пулс“ во Кочани е непроменета. Петмина повредени се во странство, а петмина се во Скопје. Една пациентка е сè уште во тешка состојба, информираше попладнево на прес-конференцијата во Владата, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски.
– Мислам дека деновиве се направи проценка за позначително пресадување кожа кај таа пациентка. Инаку, таму проблемот е инфективен и се третира на најдобар можен начин со најдобрите можни антибиотици во моментот – потенцираше Клековски.
ДКлековски се обрати по повод повредените во пожарот во дискотеката во Кочани и поради прашањата што пристигнуваат на телефонската линија, отворена за таа цел од страна на Владата.
– Слични прашања беа поставени и при нашата посета на Кочани, и до мене и до министерот за здравство. Тие се однесуваат на неизвесноста што ја чувствуваат повредените и нивните семејства за понатамошниот третман – рече Клековски.
Тој потенцира дека посветеноста на државата кон повредените останува иста како во првите часови и денови по трагедијата – силна и доследна. Сите потреби на повредените, вклучително и здравствената заштита, ќе бидат целосно покриени од државата преку Фондот за здравствено осигурување, и тоа на долг рок.
– Станува збор за третман на изгореници на белите дробови, адуктивни повреди, физикална терапија, нега и психо-социјална поддршка. Сето тоа ќе биде обезбедено од државата на долги стази – истакна директорот.
Клековски објасни дека првичниот план бил овие услуги да се даваат во 3 здравствени установи во Скопје, но на барање на повредените, физикалната терапија е префрлена во Кочани, каде од пред 2 дена се спроведува и третман со плазма, збогатена со тромбоцити. И пулмолошките прегледи, спирометријата и анализите на гасови ќе се изведуваат во општата болница во Кочани.
– Централна точка за целокупната грижа за повредените станува Општата болница во Кочани, под раководство на директорката Катерина Милчовска и седумчлениот конзилијарен тим предводен од доктор Гордана Ѓоргиева – додаде Клековски.
КОЧАНИ ЌЕ ДОБИЕ НОВ ЦЕНТАР ЗА МЛАДИ Простор за дружење, гимнастика и за креативни активности