ЗЈАПАЊЕТО ВО ЕКРАН ПРЕДИЗВИКУВА АУТИЗАМ? Родителите треба да се загрижат ако детето е мирно и не ги „вознемирува“!
Француските експерти излегоа со алармантни податоци за врската помеѓу нарушувањата слични на аутизам кај децата и поминувањето време пред екраните на разни уреди. Уште во 2009 година, Француската агенција за јавно здравје издаде препорака дека децата под три години не треба да поминуваат време пред екрани од каков било вид.
Многу мали деца, тукушто проодени и сè уште во пелени, држат шише млеко во едната рака, а со прстот од другата рака прелистуваат таблет што нивните родители го ставиле на масата пред нивното седиште во авион или во автомобил…
Оваа сцена може да се види сè почесто, особено за време на летните патувања. Француските педијатри и психолози, сепак, го кренаа алармот и рекоа дека ставањето на многу мали деца од предучилишна возраст пред екраните претставува опасност за нивното ментално здравје.
Лекарите кои работат со деца од предучилишна возраст секојдневно тврдат дека постојат индикации дека оставањето дете пред тактилен екран кој го апсорбира целото нивно внимание и целосно ги изолира од околината предизвикува бројни нарушувања во функционирањето на мозокот. Родителите треба да бидат загрижени ако детето е мирно и не ги „вознемирува“, велат експертите.
Некои лекари дури тврдат дека забележале врска помеѓу еден вид аутистичен синдром кај децата кои поминуваат време пред екраните и игрите наводно прилагодени на нивната возраст. Следела контроверзност, бидејќи некои педијатри одговориле тврдејќи дека нема докази за врска помеѓу аутизмот и екраните кај децата.
Сепак, сите се согласуваат дека времето поминато пред екраните кај децата од предучилишна возраст предизвикува бројни невролошки нарушувања, како што е наведено во писмо до јавноста објавено во парискиот весник „Ле Монд“, потпишано од околу стотина лекари и педијатри.
Алармантни податоци
Француските експерти излегоа со алармантни податоци за врската помеѓу нарушувањата слични на аутизам кај децата и поминувањето време пред екраните на разни уреди. Уште во 2009 година, Француската агенција за јавно здравје издаде препорака дека децата под три години не треба да поминуваат време пред екрани од каков било вид. Во 2013 година, Француската академија објави студија која е сè уште во сила и е цел на жестоки критики. Оваа студија тврди дека тактилните таблети се корисни за развој на сетилата и моторните вештини. Здружението на француски педијатри не отиде многу подалеку, објавувајќи мислење според кое „таблетот не треба да биде најважното нешто пред тригодишна возраст“.
Доктори како Мишел Демурже и Едуар Гетаз и нивните истомисленици сега тврдат дека за здрав развој на детето, тоа не треба да биде пред никаков вид екран до шестгодишна возраст.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.