📽️ КАДИРОВ Е ТЕШКО БОЛЕН?! „Смртта е патот на секој човек“, сподели чеченскиот лидер
Видеото доаѓа откако рускиот независен портал „Новаја Газета“ претходно овој месец објави дека здравјето на Кадиров видливо се влошува и дека меѓу политичкото раководство се активирани сценарија за промена на власта во Чеченија.
Во видеото, кое беше објавено на неговиот официјален Телеграм канал, Кадиров не зборува директно пред камерата – прикажан е како оди, видливо уморен, додека преку снимката може да се слушне глас како чита порака во негово име во позадина.
„Слушам сè повеќе озборувања за мојата болест. Велат дека умирам и дека не ми останува многу време. Прво, болеста и смртта се патот на секое човечко суштество. Никој жив не избегал од тој пат. Второ, ниту болеста ниту заканата не го скратуваат животот. Неговата должина ја одредува само оној што ти дал здив“, се вели во пораката.
Продолжува: „Ако ми е судено да живеам 50, 60 или 70 години, ќе ги живеам како што е одредено и никој нема да ми одземе ниту еден ден.“
Оние што шират информации за неговата болест се нарекуваат „озборувачи без храброст“ кои „се кријат во странство како глувци“.
Ramzan Kadyrov has posted a video commenting on continuing rumors about his illness. What’s curious about it is that it’s a voiceover, not Kadyrov’s own voice.
He did not deny the rumors about his health (and didn’t confirm them, as well):
“More and more often I hear gossip… pic.twitter.com/1SechGyEcT
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) May 27, 2025
Кадиров е роден на 5 октомври 1976 година. Тој е на чело на Чеченија, која формално е федерален субјект на Руската Федерација, од 2007 година. Украинскиот парламент ја признава Чеченија како привремено окупирана територија под името Чеченска Република Ичкерија.
Сè повеќе гласини за неговото лошо здравје
Видеото доаѓа откако рускиот независен портал „Новаја Газета“ претходно овој месец објави дека здравјето на Кадиров видливо се влошува и дека меѓу политичкото раководство се активирани сценарија за промена на власта во Чеченија.
Според медиумот, Кадиров страда од некроза на панкреас – сериозна дијагноза која, велат тие, не остава простор за закрепнување.
Гласини за неговата лоша здравствена состојба повремено се појавуваат од минатата година, но официјалниот Кремљ никогаш не ги коментираше, а самиот Кадиров досега претежно ги игнорираше или исмејуваше.
Ова соопштение, иако не е директно признание на болеста, е прв пат чеченскиот лидер воопшто да признае дека постои јавна и медиумска загриженост за неговата здравствена состојба.
Што е некроза на панкреас?
Некроза на панкреас (панкреасна некроза) е сериозна и опасна по живот компликација на акутен панкреатит – воспаление на панкреасот.
Тоа е состојба во која ткивото на панкреасот умира, најчесто поради воспалителен процес кој е исклучително агресивен и може брзо да се шири.
Кога панкреатитисот е тежок, ензимите што панкреасот нормално ги лачи за варење можат да се активираат во самата жлезда и да почнат да го разградуваат сопственото ткиво. Ова води до самоварење и некроза – клеточна смрт во засегнатата област.
Морталитетот во тешки случаи може да биде многу висок, особено ако се појави сепса или повеќекратна инсуфициенција на органи. Преживувањето зависи од брзината на дијагнозата, навременото лекување и општата здравствена состојба на пациентот.