📽️ ФАКЕЛ ОД ТРИБИНИТЕ, НЕМА ТИТУЛА ЗА ХАЈДУК Пресметката со Шибеник заврши со тежок инцидент

Иако Хајдук успеа да слави со минимални 0:1, спортскиот исход испадна во втор план. Хајдук не ја осви титулата во ХНЛ.

815

Натпреварот меѓу Шибеник и Хајдук од последното коло на ХНЛ беше прекинат во 85-тата минута, откако голманот на гостите, Тони Силиќ, беше погоден со факел фрлен од трибините.

Хрватската полиција уште пред натпреварот го означи како настан со висок ризик, предвид кој се покажа целосно оправдан. Напнатоста меѓу клубот од Шибеник и навивачката група Торцида од Сплит повторно излезе од контрола, отсликувајќи го непомирливото ривалство.






Иако Хајдук успеа да слави со минимални 0:1, спортскиот исход испадна во втор план. Хајдук не ја осви титулата во ХНЛ.

Всушност, Хрватската фудбалска лига за сезоната 2024/2025 заврши со драматичен расплет, при што ХНК Ријека ја освои титулата шампион на Хрватска.Во последното коло, Ријека ја победи Славен Белупо со 2:0 на домашен терен, што им овозможи да го освојат вториот шампионски трофеј во историјата на клубот.

Иако и Динамо Загреб ја заврши сезоната со ист број бодови (65), Ријека имаше подобар меѓусебен скор, што беше клучно за освојување на титулата.

Овој успех на Ријека е значаен, бидејќи ја прекина доминацијата на Динамо Загреб, којашто траеше речиси две децении. Со оваа титула, Ријека обезбеди учество во квалификациите за Лигата на шампионите на УЕФА .

Поврзани содржини