МИГРАНТИ ПУКАЛЕ КОН СРПСКАТА ПОЛИЦИЈА Едно лице е убиено, четворица се уапсени кај Шид

Српското МВР не соопшти детали за националноста на убиениот и приведените, ниту за тоа колкумина мигранти во вкупно биле дел од инцидентот.

448

Еден мигрант е убиен, четворица се уапсени, а неколку лица се во бегство, откако попладнево дошло до вооружен судир меѓу српската полиција и група нерегуларни мигранти во близина на границата со Хрватска, јавуваат српските медиуми.

Инцидентот се случил во подрачјето помеѓу Шид и хрватската граница, каде што припадници на српското Министерство за внатрешни работи и Управата за гранична полиција спроведувале засилена контрола на движењето на мигрантите.






„При пребарување на теренот беше откриен импровизиран камп во кој престојувале нерегуларни мигранти. За време на преземањето на службените дејствија, тие отвориле оган кон полицијата“, соопшти српското МВР.

Во престрелката, според официјалните информации, еден мигрант е убиен, а четири лица се приведени. Неколку други мигранти успеале да побегнат и полицијата трага по нив.

„Во тек е истрага за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот. На терен се припадници на Полициската управа Сремска Митровица и надлежниот обвинител од Вишото јавно обвинителство“, информираат од МВР на Србија.

Министерството не соопшти детали за националноста на убиениот и приведените, ниту за тоа колкумина мигранти во вкупно биле дел од инцидентот.

Поврзани содржини