Криминалци од голем формат

Сега, со новиот шериф во „Белата куќа“, таа и таква еу е сведена на „бриселски пашалук“ којшто сѐ уште мисли дека нешто контролира или дека некој и нешто од неа зависи. Па погледнете го оној Макрон алиас „Микрон“ како се резили на сите страни, па тетка Урсула која веќе никој не ја ни поздравува, или онаа Калас со која веќе отворено се потсмеваат… И сѐ почесто го гледаме тоа дволично, трансмогрификациско гротескно еу лице кога германскиот министер за одбрана и понатаму „ја сили“ Украина да пролева уште непотребна крв, или кога данската премиерка си го брани Гренланд а прва го призна Косово итн.!

428

Кој што сака може да мисли за Павел Дуров, дури и дека е најголем криминалец па мора да седи во затвор во „демократска“ Франција и да чека тие да смислат обвинение, но што и да мислите не можете да му најдете замерка на кажаното апропо претседателските избори во Романија; „Не можете да ја ‘браните демократијата’ со уништување на демократијата. Не можете да се ‘борите против мешањето во изборите’ со мешање во изборите. Или имате слобода на говор и фер избори – или немате. А романскиот народ ги заслужува и двете“, вели токму тој Павел Дуров.

Јас не знам односно не можам да кажам што заслужува романскиот народ, но оној „Микрон“ и онаа еу (малите букви се…) апсолутно го заслужуваат искажаното. Па и повеќе од тоа. Но, мора да им се признае: се чини дека се поголеми криминалци и од оние „нашине“ бивши, онаа коруптивна коалиција сдсм-дуи (малите букви се…). Од чиста победа во првиот круг на оној Симион – кој и да е и што и да е тој човек – до катастрофален пораз во вториот…, тоа го можат само форматни криминалци. Браво!






И можеби затоа веќе спомнуваниот Волфганг Стрек (директор на „Макс Планк институтот“ и еден од врвните германски социолози) вели: „Кога ја ставам ’Европа’ во наводници, мислам на Европа на политичарите и бирократите. Во нивниот жаргон цивилизацијата на Европа со нејзините различни но сродни култури е идентична со политичко-бирократската конструкција вдомена во ’Берлеамон’ во Брисел. Јас жестоко ја отфрлам таквата идентификација“. А ова може да биде компатибилен пример и за нас: да почнеме да пишуваме за „Северна Македонија“ – со наводници, се разбира – за да се потенцира „земјата“ на опозицијата и нејзината клиентела, различна од нормалната Македонија.

Но, се разбира, нашиве „учени“ се далеку од такви „фигури“. Тие се поблиски до оние интелектуални карамболи и диктирани „знаења“ насочени кон лукративна пропаганда. Зашто никој, не само овие слепци туку и оние од деведесетите на минатиот век, на највисоки државни функции, не прочитаа ни ред за таа и толку фалена еу и нејзините потенцијални перформанси, не само економски, се разбира. Или, повторно, теоријата за „малата сардина“ опкружена со китови и ајкули, превагна? Па извинете, фрлете си ги дипломите и министерувањата во првата шахта – а низ Скопје ги имате едно чудо одамна отворени – зашто такви простаци и провинцијалци не можат да направат држава!

Или, ако баш сакате, поточно ако тогаш не биле достапни некои умни анализи за тоа што точно претставувала таа еу, сте можеле да се обидете да прочитате нешто малку подоцна. Па да разберат дека паметните европјани сметаат дека ниту една политичка „машинерија“ во светската историја не поминала низ такви зачудувачки, дури страотно брзи и далекусежни трансформации или, подобро речено, „трансмогрификации“ (Стрек), што е еднакво на натприродно менување на вкупниот „изглед“, особено во фантастична односно гротескна форма. Поконкретно, за само неколку децении таа „машинерија“, од организација за заедничко економско планирање на шест земји со сличен државно контролиран капитализам, прераснува во слободна трговска зона на интернационалниот неолиберализам, развивајќи го планот во експресно вклучување на голем број крајно хетерогени европски држави. План којшто, велат некои сериозни експерти, идејата за „позитивна интеграција“ ја заменува со „негативна интеграција“, особено во економскиот диктат и наметнувањето на опструктивна регулација, наводен заеднички пазар, уште понаводна заедничка социјална, надворешна и други политики итн.

А по распадот на СССР и Советскиот блок во 1989, еу прерасна во геостратешки проект – или попрво „puppet on a string“ – суптилно диригиран од стратегиите на САД во однос на Русија и мегаломански се прошири на 28 земји членки (од кои сепак само „избран“ дел прифатени во т.н. „Евро зона“, а уште помал дел во „командниот центар“) со крајно различен степен на развој, различно законодавство и внатрешно уредување, цели и очекувања итн. Или, едноставно поставено, „малите“ мислеа дека ќе „ќарат“ нешто од „големите“, овие пак дека бескрајно ќе ги користат првите и др. Како растеа апетититите и „сметките без крчмар“ на „демократските шерифи“ на САД во однос на Русија, така растеа истите и на еу бирократите и полуписмените политиканти – особено на Германија и Франција – кои често и не знаеја каде на евро-мапата се наоѓаа земјите аспиранти за членство итн. И како што обично бидува, си ги скршија забите токму на посакуваниот плен – на Русија!

А кога веќе ја спомнувам Русија, многумина ја прераскажуваат анегдотата од почетокот на украинската криза во 2014 година и телефонскиот разговор помеѓу „славната“ Ангела Меркел и Путин, после што „госпожата“ изјавила дека тој „живее во друг свет“. Денес е евидентно кој живее(л) во реалниот свет а кој во бајките.

Сега, со новиот шериф во „Белата куќа“, таа и таква еу е сведена на „бриселски пашалук“ којшто сѐ уште мисли дека нешто контролира или дека некој и нешто од неа зависи. Па погледнете го оној Макрон алиас „Микрон“ како се резили на сите страни, па тетка Урсула која веќе никој не ја ни поздравува, или онаа Калас со која веќе отворено се потсмеваат… И сѐ почесто го гледаме тоа дволично, трансмогрификациско гротескно еу лице кога германскиот министер за одбрана и понатаму „ја сили“ Украина да пролева уште непотребна крв, или кога данската премиерка си го брани Гренланд а прва го призна Косово итн.!

Како што впрочем и кај нас последните случувања со децидната одлука на Владата да се престане со преговори за идентитетот, јазикот, културата…, што индиректно значи и дефинитивен став за „игрите без граници“ со еу интеграцијата односно нивно ставање на подолг stand by, некои го доживуваат како „време за плачење“. Зашто, замислете, никого не сме прашале за таквите изнесени ставови! Па дури и „Не сме прашале зашто никого и не го интересираме“, плаче клиентелата, се жали дека сме го оттурнале еу столчето, а не гледаат дека тоа не е повеќе столче туку одвај – двоножец. Па кој може да седи на такво нешто?

Што ќе рече дека јас и тука згрешив мислејќи дека новиот геостратешки развој на настаните ќе придонесе за отрезнување на дел од онаа „пајтон интелигенција“ која лозунгот „еу über alles“ од домашна партиска задача го претвори во догма, негледајќи што се случува таму. Но и во земјата, по ѓаволите, со „горливите“ застапници на таа теза како оние од куќниот совет, на пример. Со нив и нивните неуки и невоизможни приказни загубивме цели златни осум години што можеа да се потрошат на многу попаметни нешта и барање други решенија. Но кај нас никогаш не е доста дури и кога е премногу. „Друштвото на мртви политиканти“ од сите бои и провениенции сѐ уште грчевито се бори да докажува дека Земјата е плоча а тие се поумни од Ератостен. Или умуваат дека треба да се ризикува, ама нивниот задник да биде на сигурно!

Ама добиваат неограничен простор во медиумите, дури и цели емисии на национални телевизии (како докторон кој глумеше министер за надворешни нешта!) да ги шират нивните глупости и понатаму да ја замајуваат јавноста. А „новинарот“ дава шлагворт со прашањето „чија е или со каква партиска боја е обоена пречката на европскиот пат“! И сакаат да сугерираат дека говорат „за перцепцијата и за реалноста“. Сериозно, во кој свет живеат овие типови?

Впрочем, таквите политиканти и нивните „гласила“, иако веќе одамна целосно разобличени, ни претходно не се потпирале на здравиот разум и укажувањата на поумните од нив. Уште помалку на фактите дека речиси 80% од народот (податок од февруари о.г.) ама баш никако не ги прифаќа нивните пробугарски и про-еу тези. Но, ајде за миг да речеме дека ние не сме важни, меѓутоа рапидно растечки е и бројот на Европјани кои денес искривените некогашни Мастрихтски „тези“ ги доживуваат како закана за личната и колективната слобода. Дури, ако баш сакате, и популарноста на AfD, Мари Ле Пен и др., е дел од тој „пакет“. Или некој сериозно мисли дека директивата на Мерц за новото наоружување на Германија со 100-те милијарди евра просечните европејци ја гледаат благонаклоно?

П.С.

И, се разбира, сето ова е во „чест“ на онаа Калас, која умее да ни го расипе викендот и да донесе невреме. И не знам зошто воопшто некој прима такви самобендисани шарлатанки, па уште и во званична посета. А за оние кои сакаат да се забавуваат, еве како таа персона беше почестена од Мартин Сонеборн, германски пратеник во Европскиот парламент: „Тукушто ја прочитав вашата автобиографија. 432 ирелевантни бесмислени страници. Во Естонија, цената ѝ е намалена за 80% на 3,99 евра, а со тврд повез дури и на Амазон не се продава. Знаете за Куба, Европа и светот онолку колку што знаете за дипломатија, надворешната политика или операциите на мозок. Се надевам дека ќе стекнам повеќе знаење од муабет со мојот хрчак за црните дупки во џуџестите галаксии.“

Извор: Теодосиевски уметност

Поврзани содржини