📽 87 КАМИОНИ ПО 81 ДЕН БЛОКАДА ВО ГАЗА За живот се потребни барем 500 дневно

Канцеларијата предупреди дека за да функционира животот во Газа, потребни се најмалку 500 камиони дневно со итна хуманитарна, медицинска и прехранбена помош, како и најмалку 50 камиони со гориво, со оглед на растечкиот глад предизвикан од израелската блокада што трае повеќе од два месеци.

58

Вкупно 87 камиони со хуманитарна помош влегоа во Појасот Газа, за прв пат по 81 ден целосна блокада наметната од Израел со затворање на граничните премини, соопшти канцеларијата за медиуми во Газа, пренесува Анадолија.

Исмаил Ал-Тавабтех, директор на таа канцеларија, за Анадолија изјави дека „досега влегле 87 камиони што превезуваат разни видови помош“.






На социјалните мрежи беше објавено дека по 72 часа откако е отворена границата со Појасот Газа влегожл 91 камион.

Според него, помошта била „доделена на меѓународни и локални организации како дел од напорите да се дистрибуира до нашиот палестински народ за барем делумно да се задоволат неговите итни хуманитарни потреби“.

Канцеларијата предупреди дека за да функционира животот во Газа, потребни се најмалку 500 камиони дневно со итна хуманитарна, медицинска и прехранбена помош, како и најмалку 50 камиони со гориво, со оглед на растечкиот глад предизвикан од израелската блокада што трае повеќе од два месеци.

Поврзани содржини