САД ПРОИЗВЕДОА БОМБА 24 ПАТИ ПОЈАКА ОД БОМБАТА ВО ХИРОШИМА Проектот е завршен една година пред крајниот рок

Во објавата на Икс се вели дека бомбата е 24 пати помоќна од онаа фрлена во Хирошима во 1945 година. Соопштението покажува дека проектот е завршен речиси една година пред предвидениот рок.

353

Соединетите Американски Држави го произведоа првиот примерок од нуклеарната боева глава Б61-13 со модификација на оригиналната термонуклеарна бомба Б61, објави Националната агенција за нуклеарна безбедност на САД (NNSA), цитирајќи го министерот за енергетика Крис Рајт.

„NNSA го заврши производството на првата гравитациска бомба B61-13, најновото дополнување на семејството нуклеарно оружје B61“, се вели во соопштението објавено на нејзината веб-страница.

 






Во објавата на Икс се вели дека бомбата е 24 пати помоќна од онаа фрлена во Хирошима во 1945 година.

Соопштението покажува дека проектот е завршен речиси една година пред предвидениот рок.

Како што објави руската новинска агенција РИА Новости, создавањето на „нова верзија на нуклеарната бомба Б-61 со слободен пад“ беше одобрено уште кон крајот на 2023 година. Исто така, се додава дека првичниот план бил работата да се заврши напролет во 2026 година.

Поврзани содржини