НАПАДНАЛЕ КОШАРКАР И ПРОБАЛЕ ДА МУ ГО СОБЛЕЧАТ ДРЕСОТ Инцидент на мечот меѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје

На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј. (36) и Д.С. (29), двајцата од Куманово, информира Министерството за внатрешни работи.

184

Двајца жители на Куманово се приведени откако синоќа, 17 мај, за време на полувремето од кошаркарски натпревар, се обиделе физички да нападнат играч од домашната екипа и да му го соблечат дресот.

„На 17.05.2025 во 20.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода А.Ј. (36) и Д.С. (29), двајцата од Куманово“, информира Министерството за внатрешни работи.






Инцидентот се случил во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“ во Куманово, на полувремето од натпреварот меѓу МКК Куманово и МЗТ Скопје, кој се играл во рамки на кошаркарската Супер лига.

Според информациите од МВР, двајцата осомничени се обиделе да нападнат играч од домашниот тим, МКК Куманово, и да му го соблечат дресот.

„Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во полицискиот билтен.

Поврзани содржини