РУСИТЕ ПРИСТИГНАА ВО ИСТАНБУЛ, УКРАИНЦИТЕ ДОАЃААТ ДУРИ ПОПЛАДНЕ? Преговорите за мир ќе задоцнат

Според информациите објавени на профилот на белорускиот канал Некста на Икс новинарите веќе се собрале во Долмабахче во Истанбул, додека украинската делегација е закажана во Истанбул да пристигне по 2 часот попладне по турско време (1 часот по македонско), за кога е закажана средба на украинскиот лидер Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

788

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска потврди дека руската делегација пристигна во Истанбул, каде се планирани разговори за решавање на конфликтот во Украина, пренесоа руските медиуми.

– Како што е речено во повеќе наврати, руската страна е подготвена за сериозни преговори, а делегацијата на Русија пристигна во Истанбул и е подготвена за сериозна работа – истакна таа на прес-конференција во Москва.






Разговорите во Истанбул се преместени за попладнево „на иницијатива на Турција“, соопшти портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, јави Би-Би-Си.

Состанокот на руската и украинска делегација, според првичниот распоред, требаше да почне денеска 10 часот.

Захарова потсети дека рускиот претседател Владимир Путин на 11 мај изнесе иницијатива за продолжување на директните преговори меѓу двете страни, предлагајќи преговорите да почнат без одлагање и предуслови со цел да се елиминираат суштинските причини за конфликтот и да се тргне кон воспоставување долгорочен, траен мир.

 

Според информациите објавени на профилот на белорускиот канал Некста на Икс новинарите веќе се собрале во Долмабахче во Истанбул, додека украинската делегација е закажана во Истанбул да пристигне по 2 часот попладне по турско време (1 часот по македонско), за кога е закажана средба на украинскиот лидер Володимир Зеленски и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

Според најновите информации, Зеленски веќе пристигна во Анкара.

Руски Спутник пишува дека според неименувани извори преговорите нема да започнат пред попладневните часови.

 

Според објавата на Некста, Сенаторот Линдзи Греам, кој неодамна предложи закон за заострување на санкциите против Русија, исто така пристигна во Турција заедно со американскиот државен секретар Марко Рубио и  Рубио веќе имал средба со украинскиот шеф на дипломатијата Андреј Сибиха во Анталија.

Американски претседател Доналд Трамп, кој е на четиридневната турнеја на Блискиот Исток, штотуку изјави дека може да оди во Истанбул во петок, 16 мај, доколку на денешните мировни преговори за Украина постигнат напредок.

– Би сакале да видиме крај на војната и мислам дека имаме шанса тоа да се случи – изјави Трамп од Катар.
Новинарите го прашаа Трамп што мисли за тоа што рускиот лидер Владимир Путин не се појави на разговорите во Турција. Тој им одговори:

– Зошто би одел тој ако јас не одам? Не мислев дека е можно Путин да оди ако јас не сум таму.

 

Поврзани содржини