ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ БИДЕ САМ НА ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ? Путин и Трамп не доаѓаат на преговорите

Руската делегација ќе ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински. Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.

219

Рускиот претседател Владимир Путин не е меѓу имињата наведени од Кремљ во списокот на лица кои треба да присуствуваат на мировните преговори за војната во Украина во Истанбул денеска, и покрај повиците од украинскиот претседател Володимир Зеленски тој да присуствува. Составот на руската делегација што ќе отпатува во Турција на преговори со Украина е објавен  на официјалната веб-страница за правни информации на Русија.

Делегацијата ќе ја предводи помошникот на Путин, Владимир Медински. Во делегацијата се и заменик-министерот за надворешни работи Михаил Галузин, началникот на Главната дирекција на Генералштабот Игор Костјуков и заменик-министерот за одбрана Александар Фомин.






На списокот на експерти што учествуваат во руската делегација се заменик-началникот на информатичката служба на Генералштабот Александар Зорин, заменик-началникот на претседателската администрација за државна политика и хуманитарни прашања Елена Подобреевска, директорот на Вториот оддел за земјите од ЗНД при руското Министерство за надворешни работи Алексеј Полшчук и заменик-началникот на Главната дирекција за меѓународна воена соработка на Министерството за одбрана Виктор Шевцов.

Владимир Медински ја предводеше и руската делегација на претходните преговори со Украина во Истанбул во март 2022 година.

Американскиот претседател Доналд Трамп нема да патува во Турција за да учествува на претстојните разговори меѓу Русија и Украина, изјави американски функционер. На состанокот ќе присуствуваат државниот секретар Марко Рубио и специјалните пратеници Стиф Виткоф и Кејтр Келог.

Функционерот го објави ова откако рускиот претседател Владимир Путин го објави списокот на учесници во руската делегација за преговорите, во кој не е вклучен самиот руски лидер. Трамп ја разгледуваше идејата да патува во Турција доколку Путин пристигне на разговорите, но рускиот претседател одлучи да не учествува во денешните дискусии во Истанбул.

Поврзани содржини