НЕ ИМ ДОЗВОЛУВАЈТЕ НА ДЕЦАТА ДА ИГРААТ СО ОВАА ИГРАЧКА! Тему ја повлекува поради опасни LED светла
Според информациите од порталот за заштита на потрошувачите Produktwarnung.eu, употребата може да доведе до оштетување на мрежницата. на очите.
Онлајн продавачот Тему соопшти дека повлекува детската играчка од пазарот која содржи LED светилки кои можат да ја оштетат мрежницата на окото.
Тестовите покажаа дека LED светлата на „Играчката бубамара со музика и светлина“ ја надминуваат законската граница за интензитет на зрачење, што може да има штетни ефекти врз видот.
Станува збор за играчката „бубамара со музика и светлина“ инентифукувана со број: YJ-3039 и со идентификациски број на производот: 601099749726501. Продавач на оваа играчка е „Џамил“ преку Тему.
Според информациите од порталот за заштита на потрошувачите Produktwarnung.eu, употребата може да доведе до оштетување на мрежницата на очите.
„Веднаш отстранете ја од дофат на мали деца!“ се вели во предупредувањето.