„КАКО ДА ИГРАМЕ ТЕНИС КОГА СИНЕР ЗНАЧИ ГРЕШНИК?“ Папата се измајтапи со италијанскиот ас

Но, не можеме да го викнеме Синер, рече папата одговарајаќи на прашањето дали би одиграл хуманитарен тениски меч на кој би бил повикан легендарниот Андре Агаси.

427

Папата Лав XIV се пошегува со италијанскиот тениски ас Јаник Синер. Папата му одговори на новинар кој го запраша дали би одиграл добротворен тениски меч или би се натпреварувал во парови во „белиот спорт“.

Еден од новинарите предложи да го поканат Андре Агаси на хуманитарниот натпревар.






– Но, не можеме да го викнеме Грешник – рече Лав алудирајќи на англиското значење на презимето на италијанскиот тенисер.

Неколку часа подоцна, по мечот со Јеспер де Јонг, Синер беше запрашан за коментарот на Лав.

– Чув дека играл тенис кога бил дете. Мислам дека е прекрасно што имаме папа кој го сака овој спорт – рече Италијанецот додавајќи дека звучи интересно идејата за натпревар со папата.

 

Поврзани содржини