БИТОЛЧАНКА МУ НАТОВАРИ ДОЛГ НА ТЕТОВЕЦ Жена од Битола измами маж преку Фејсбук и му ги украде податоците

Според информациите, во текот на мај 2024 година, пријавената преку социјална мрежа, користејќи друго име, стапила во контакт со лице од тетовско. Со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка.

1,014

Секторот за внатрешни работи Тетово поднесе кривична пријава против 48-годишната С.Ч. од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање” во врска со „измама”, информираше денеска МВР.

Според информациите, во текот на мај 2024 година, пријавената преку социјална мрежа, користејќи друго име, стапила во контакт со лице од тетовско. Со лажно прикажување на факти побарала услуга од него и на тој начин ги добила неговата лична карта и трансакциска сметка.






Подоцна, заедно со уште едно лице, ги злоупотребила добиените лични податоци и подигнала брз кредит од финансиско друштво на име на оштетениот. Жртвата ја открил измамата откако на домашна адреса добил писмо од финансиското друштво за неплатен долг.

Полицијата продолжува со преземање мерки за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини