СЕ ПРЕГОВАРА СО „ВИЗЕР“ ЗА АВИОЛИНИЈА ОХРИД – БУДИМПЕШТА Николоски најавува нов модел на привлекување авикомпании

Министерот за транспорт информира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ. 

134

Преговараме со „Визер“ да ја отвори линијата Будимешта -Охрид. Сметаме дека таа е поатрактивна бидејќи има што да понуди охридското крајбрежје за туристите. Во меѓувреме развиваме нов модел на привлекување на нови авиолинии и сметаме дека тој модел ќе донесе најмалку десет, а потенцијaлно и дваесет нови дестинации, изјави министерот за транспорт Александар Николоски.

-Будимпешта – Скопје, беше единствената линија за која „Визер“ добивале субвенции од унгарската влада, субвенциите завршија, за жал бројот на патници е мал и затоа таа линија се укина. Ние разговараме со компанијата „Визер“, бидејќи најголемата база им се наоѓа во Будимпешта, да отворат линија за Охрид. Мислиме дека ќе биде поатрактивна бидејќи туристичкиот потенцијал е далеку поголем, а во однос на комерцијална смисла, Будимпешта не беше атрактивна за Скопје бидејќи има две поблиски дестинации Виена и Братислава кон кои што се лета од Скопје, а од Македнија нема толку патници да се опслужуваат во радиус од два часа на три аеродроми – рече Николоски во утринското интервју на Радио Лидер.






Тој потенцира дека сегашниот модел на субвенции на патници во доаѓање ги дава резултатите,  а тоа се 10 нови линии за неколку месеци.

-Со луѓето од министерството работам на нов модел, не сакам да ветувам но мислам дека ќе донесе најмалку десет, а потенцијално и до дваесет нови дестинации за краток временски период. Моделот е сакаме да ги зголемиме субвенциите. Во моментов плаќаме по патник во доаѓање за некој  што би слетал во Скопје по 9 евра, а некој што би слетал во Охрид плаќаме по 12 евра. Подготвени  сме да одиме нагоре под услов компанијата да отвори најмалку 10 дестинации во исто време, но да го довршиме па ќе зборуваме за ова – рече Николоски.

Според него, чартер летовите на „Фрибирд” се силен инпут за зголемување на авиосообраќајот, а со тоа и директно за туризмот бидејќи секојдневно на скопскиот аеродром слетуваат по најмалку 180 туристи.

-Амбицијата е следната година да слетуваат најмалку два авиони и да слетуваат во Охрид, што значи дека секој ден ќе имаме по двесте нови туристи. Тие остануваат по најмалку 4 дена што значи имате по 800 туристи во охридското крајбрежје во неатрактивни месеци кои ги полнат хотелите, рестораните и чаршијата. Голем инпут е и Туркиш ерлајнс, број еден авиокомпанијата во светот, лета од најголемиот аеродром во Европа за Охрид. Така што на охридскиот аеродром драстично се гледа разликата- изјави вицепремиерот Николоски.

Тој потенцира дека во моментов има конекции кон 64 дестинации, од кои 56 од скопскиот и 8 од охридскиот аеродром, што е сериозен успех на Владата и концесионерот ТАВ.

Поврзани содржини