📽 СЕ ПОСТАВИ ОЏАКОТ НА СИСТИНСКАТА КАПЕЛА Од среда ќе се чека бел чад

Во среда, во 16:30 часот, кардиналите ќе се соберат во Сикстинската капела и ќе започнат со гласање за нов папа, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици во светот, пишува агенцијата Франс Прес.

194

Ватикан ја подготви Систинската капела за конклавата на која 133 кардинали ќе го изберат 267-от папа на Католичката црква.

Канцеларијата за печат на Светиот Престол објави фотографии и видеа од внатрешноста на капелата, каде што подготовките за конклавата, која започнува на 7 мај, влегуваат во завршна фаза.






Еден ден претходно, пожарникарите поставија оџак на покривот на Систинската капела кој би испуштал црн чад доколку најмалку 89 кардинали не успеат да постигнат договор за нов папа. Белиот чад означува дека кардиналите избрале нов поглавар на Католичката црква.

Во среда, во 16:30 часот, кардиналите ќе се соберат во Систинската капела и ќе започнат со гласање за нов папа, кое ќе трае сè додека еден од нив не добие двотретинско мнозинство и не стане нов лидер на 1,4 милијарди католици во светот, пишува агенцијата Франс Прес.

Поврзани содржини