ВОЗАЧ НА „БМВ“ ЗГРАПЧИЛ ДЕТЕ И ГО ВЛЕЧЕЛ ПО АСФАЛТ Инцидентот се случил на крстосница во Чаир
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.
Синоќа во 22.15 часот во СВР Скопје, 33-годишната Џ.С. од Скопје пријавила дека околу 16.20 часот на крстосница на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил сопрен од едно машко лице кое управувало патничко возило „бмв”, кое го фатило за рака и го влечело по коловозот, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во полицискиот билтен.