НИКОТИНСКИ ЌЕСИЧКИ, НОВАТА ОПЦИЈА ПО ВЕЈПОТ И СНУСОТ Шведски Velo нуди модерна бездимна иднина за пушачите
Шведска даде „зелено светло“ за алтернативи кои се помалку штетни. Транзицијата започна со традиционалните „снус“, но потоа следуваа вејповите (2015), но и никотинските ќесички (2018), како што се Velo кои за кратко време прераснаа во посакувана опција за шведските корисницим велат од компанијата Velo потсетувајќи дека преку овие алтернативи Шведска успешно ја намали стапката на пушење за 54% од 2012 година.
Компанијата Velo го претстави својот нов производ, никотински ќесички за пушачите. Според компанијата тоа е „модерна, бездимна никотинска опција со потенцијално намален ризик“.
„Станува збор за современи производи кои не содржат тутун и не „предизвикуваат чад“, а таков пример се никотинските ќесички“, велат од компаниja Velo.
Во соопштението се потсетува дека Шведска претендира да биде првата земја „без чад“ во светот и отскокнува во оваа областа на светско ниво.
Светското јавно здравство уште пред две децении си постави цел – иднина „без чад“ до 2040 година, односно 5% или помалку од возрасната популација ширум светот да бидат пушачи. Сепак, повеќето од земјите се далеку од исполнувањето на оваа цел.
Иако Светската здравствена организација (СЗО) регистрира дека побарувачката за тутун и производи од тутун се намалува, бројот на корисници на цигари на глобално ниво останува далеку повисок од посакуваното – 1,2 милијарди луѓе продолжуваат да се пушачи.
Во што се крие тајната на шведскиот модел?
„Во Европа, Шведска е предводник во интегрираниот пристап за контрола на употребата на тутунот, надополнет со стратегии за намалување на штетните последици. Употребата на никотин во оваа скандинавска земја е слична до просекот во земјите од Европската Унија, но тоа не се должи на употребата на класичните цигари од тутун, туку поради користењето на побезбедните и помалку штетни алтернативни производи што содржат никотин, потсетуваат од Velo.
Во Шведска стапката на пушење во 2024 година изнесува 5,3% и е речиси пет пати помала од просекот во ЕУ, 24%. Дополнително, шведските здравствени власти, во рамки на Унијата, бележат најниски стапки на болести поврзани со употребата на цигари.

– Шведска е најубедливиот пример. Преку широко распространето усвојување и користење на никотински ќесички и вејпови, Шведска ја намали употребата на цигари за 55% во последната деценија. Со најниска стапка на пушење во Европа од 5,3%, Шведска е подготвена да стане првата земја во ЕУ „без чад“, со смртност поврзана со пушењето која е 39,6% под европскиот просек – оценува д-р Делон Хуман, кој е ко-автор на десетици истражувања на темата и е дел од организацијата „Smoke free Sweden“.
Понатаму во текстот се објаснуа дека „наместо да ги забрани или енормно да ги ограничи никотинските производи, Шведска даде „зелено светло“ за алтернативи кои се помалку штетни. Транзицијата започна со традиционалните „снус“, но потоа следуваа вејповите (2015), но и никотинските ќесички (2018), како што се Velo кои за кратко време прераснаа во посакувана опција за шведските корисници. Со фактот што овие алтернативи станаа достапни и општествено прифатливи, Шведска успешно ја намали стапката на пушење за 54% од 2012-тата година“.
– Ако секоја земја го следеше пристапот на Шведска и овозможеше помалку штетни алтернативи да се прифатливи и достапни на пушачите, приближно 355.000 животи можеа да бидат спасени на годишно ниво во ЕУ. Тоа се повеќе од 3,5 милиони луѓе за една деценија – смета д-р Ларс Рамстром.
Компанијата Velo вели дека „најголем поттик при намалувањето на употребата на класичните производи од тутун дадоа токму никотинските ќесички, кои земаа замав на шведскиот пазар и се производ кој не содржи тутун. Помеѓу најпознатите брендови на никотински ќесички e Velo“.
Компанијата гио објаснува производот кој, како што велат, направил револуција обезбедувајќи внес на никотин без штетни материи и чад.
„Тие (никотинските ќесички) се современа опција за оние кои сакаат да се оттргнат од традиционалното пушење, користејќи алтернатива која е со помал ризик за здравјето.
Што содржат никотински ќесички?
„Легалните никотински ќесички од светски познати компании се направени од висококвалитетни состојки. Тие содржат никотин, вода, растителни влакна, ароми и засладувачи. Постојат никотински ќесички со различни вкусови и различни дози на никотин“, соопштува производителот на Velo.
Компанијата дава уште неколку информации за користењето на никотинските ќесички во Шведска.
„Успехот на Шведска, каде во значителен обем се користат алтернативните производи како што се Velo, во намалувањето на болестите поврзани со пушењето е неспоредлив. Кај шведските граѓани кои родени во други држави во Европа, стапката на пушење е 7,8% – помалку од една третина од просекот на ЕУ“, се вели во написот.
Од Velo порачуваат дека „благодарение на ставот на Шведска за помалку штетните алтернативи на никотинот, само 4,5% од возрасните граѓани родени во Шведска сега пушат, што е под прагот од петте проценти без чад“.