Сончево и топло со мала до умерена облачност ќе биде времето денеска. Попладне ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје, времето ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 28 степени.
Следува период на променливо облачно, топло и нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер, наместа во форма на краткотрајно невреме.