ПОМИРУВАЊЕТО МЕЃУ РУСИЈА И УКРАИНА Е НЕИЗБЕЖНО Путин вели дека тоа е прашање на време
Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека помирувањето меѓу Русија и Украина е неизбежно и дека тоа е прашање на време.
– Ми се чини дека ова е неизбежно, и покрај сите трагедии што ги доживуваме сега. Прашање на време е – рече Путин во интервју за телевизијата „Русија 1“.
Рускиот претседател призна дека не се чувствува како политичар кој одлучува за судбината на земјата и истакна дека сè уште „дише ист воздух како и милиони други граѓани на Русија“, пренесува РИА Новости.