КАЗНА ДОБИЈА 14 МЕСАРНИЦИ Уништени се 323 килограми храна

347

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на четиринаесет месарници за утврдени недоследности во работењето, во рамки на спроведените 73 вонредни инспекциски контроли.

Надзорите беа спроведени на 30 април годинава на целата терирорија на државава.






Како небезбедни уништени се 323 килограми храна.

„Со спроведените контроли на месарниците издадени се 23 решенија за отстранување на  утврдени недоследности. Тројца оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 7 се утврдени недостатоци во поглед на спроведувањето на правилата на добра производстевна и хигиенска пракса, а 4 месарници немале спроведено задолжителен санитарен преглед на вработените. Неправилности во поглед на означувањето на призводите утврдени се кај три месраници, а исто толкав број утврдено е дека не биле регистрирани како оператори со храна во Агенцијата за храна и ветеринарство“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани содржини