ПИШАЛ ТУЃИ ПОДАТОЦИ НА КАЗНАТА, КОЛЕГАТА МУ ПОМОГНАЛ Сообраќајни полицајци заработија кривични пријави и суспензија

Податоците кои биле запишани се од лице кое не сторило кривична пријава истиот ден, туку, како што се вели во соопштението на МВР, од претходно им било познато на полицајците како чест извршител на сообраќајни прекршоци.

811

Полицаец од сообраќајната полиција со пенкало внел туѓи податоци врз примерок од индиго-копијата на прекршочен платен налог со што му помогнал на лице да изврши кривично дело, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пријавениот Д.К. заедно со својот помлад колега Б.Д. се сомничат дека дозволиле да бидат фалсификувани платниот налог и записникот од радар.






Податоците кои биле запишани се од лице кое не сторило кривична пријава истиот ден, туку, како што се вели во соопштението на МВР, од претходно им било познато на полицајците како чест извршител на сообраќајни прекршоци.

„Како што информира МВР, првопријавениот издал прекршочен платен налог и записник за сторен сообраќаен прекршок на име на лице од Скопје за сторен прекршок, а потоа за да го прикрие прекршокот на лицето, ги преправил и фалсификувал прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок на начин што на вториот примерок врз податоците нанесени со индиго од првиот примерок со пенкало ги внел податоците од друго лице од Скопје, иако ова лице воопшто наведениот ден не го контролирале ниту од нивна страна било запрено за сторен прекршок, туку од претходно им било познато како чест извршител на сообраќајни прекршоци“, се вели во соопштението.

Понатаму во соопштението се вели дека „второпријавениот, како одговорен на патролата иако знаел дека првопријавениот констатирал прекршок на лице од Скопје, а потоа на прекршочниот платен налог и записникот за сторен сообраќаен прекршок врз податоците на лицето сторител на сообраќајниот прекршок ги внел податоците на друго лице, му помогнал до го изврши кривичното дело, со тоа што во пополнувањето на прегледот на контролирани моторни возила и на извештајот од 20.04.2025 година за радар ги внеле податоците на сторителот на сообраќајниот прекршок, а потоа откако првопријавениот ги фалсификувал и преправил наведениот налог и записник, врз податоците на сторителот на прекршокот ги внеле податоците на друго лице и вака преправениoт преглед на контролирани моторни возила и извештај од 20.04.2025 година за радар, по завршувањето на работните задачи, ги приложиле заедно со наредбата за вршење дејност во Одделението за безбедност на патниот сообраќај Скопје“.

За службените лица ќе бидат суспендирани ќе биде предложено за нив да се поведе дисциплинска постапка со што суспензијата ќе трае до завршување на постапката, се вели во текстот на МВР.

Против Д.К. и Б.Д. се поднесени пријави од страната на Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција при Оддделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.

Пријавите биле поднесени до Основното јавно обвинителство за гонење криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

 

 

Поврзани содржини