ГОДИШЕН ПАД ОД 4,3% НА РАБОТНИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИЈАТА Најкритично е во кожарската и во текстилната индустрија
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2025 година, во однос на периодот јануари – март 2024 година се намалил за 3,9%.
Бројот на работниците во индустријата во март годинава во однос на март лани е намален за 4,3%, а во првиот квартал годинава во однос на истиот квартал лани за 3,9 %, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во март 2025 година, во однос на март 2024 година има намалување за 4,5% на бројот на работниците во секторот „преработувачка индустрија“, од 2,1% во „рударство и вадење на камен“ и за 1,8% во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“.
Најголем пад на бројот на работници од 14,7% има во кожарската индустрија. По неа е текстилната индустрија со пад од 11,2%.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во март 2025 година, во однос на март 2024 година, се намалил кај Енергија за 2,8%, кај Капитални производи за 7,3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1%, а се зголемил за 13,4% кај Tрајни производи за широка потрошувачка.