ДЕН ЗА ПРИЗНАНИЕ НА ЧЕСНИТЕ РАБОТНИЦИ Претседателот на Собранието Гаши го честита 1 Мај

Како државни институции, наша врвна обврска е да создаваме услови за сигурна, правична и достоинствена работа за сите. Вашиот труд заслужува да биде вреднуван соодветно, со почит и со поддршка, напиша претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

39

Први мај, како симбол на борбата за работничките права, за социјална правда и за достоинствен живот, е денот кога оддаваме признание на сите оние кои живеат од својот труд, кои чесно ја извршуваат својата работа, придонесувајќи за подобра иднина за себе, за своите семејства и за целото општество, напиша претседателот на Собранието Африм Гаши во честитката по повод Меѓународниот ден на трудот.

Затоа, додава Гаши, на 1 Мај упатува честитки до сите работници во Македонија кои со својата секојдневна посветеност и труд се столб на нашето општество и економија.






„Како државни институции, наша врвна обврска е да создаваме услови за сигурна, правична и достоинствена работа за сите. Вашиот труд заслужува да биде вреднуван соодветно, со почит и со поддршка. Во мое лично име и во име на Собранието на Република Северна Македонија, Ви посакувам добро здравје, достоинствен живот и уште многу професионални успеси. Честит 1 Мај – Ден на трудот“, напиша Гаши во честитката.

Поврзани содржини