📽️ ДОДИК ШОКИРАШЕ СО ИЗЈАВАТА Објави извадок од филмот „Нож“

Кој не ја знае историјата – е осуден да ја повторува. Ако сакате да си играте со историјата, бидете подготвени да се соочите со фактите. Прашањето е дали ќе ви се допадне она што го гледате кога ќе сфатите чие име го носите пред да го смените, напиша лидерот на босанските Срби.

852

Претседателот на Република Српска Милорад Додик објави сцена од филмот „Нож“ обвинувајќи дека „специјалност на сараевската политика е препишувањето на историјата“. Во контроверзната објава тој напиша:

„Кој не ја знае историјата – е осуден да ја повторува. Ако сакате да си играте со историјата, бидете подготвени да се соочите со фактите. Прашањето е дали ќе ви се допадне она што го гледате кога ќе сфатите чие име го носите пред да го смените“.






Филмот од 1999 година е екранизација по романот на Вук Драшковиќ.

Бошњачката Партија на демократска акција (СДА) остро реагираше, обвинувајќи го Додик за ширење омраза и оживување на реториката од деведесеттите години.

Претходно, Додик рече дека „муслиманите во Босна и Херцеговина треба да се навратат на православието“.

 

Поврзани содржини