СРЕЌА ПОД ПРСТИТЕ СО ИНСТАНТ ЛОЗОТ КАЛИНКА 15 години инстант лотарија на Државна лотарија
Откривањето на добивките е лесно и забавно, треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700.000 денари, и три исти износи за други парични добивки, велат од Државната лотарија и порачуваат дека со нетрпение очекуваат да ги запишат нови среќни приказни кои „ќе се потврдат низ богатата симболика на калинката“.
Државна лотарија го пласираше новиот инстант лоз КАЛИНКА со возбудливи можности за парични добивки до 700.000 денари.
„Секој љубител на инстант лозови има причина за радост“, велат од Државна лотарија.
Во чест на 15-годишнината од приредувањето игри на среќа и инстант лотарија, датум што се одбележува овој април, Државна лотарија потсетува на инстант лозот КАЛИНКА, пласиран во 2010 година, што беше прв паричен лоз во историјата на Државна лотарија.
„Оттогаш досега пласирани се над 50 нови серии инстант лозови со различни игри, премии, имиња, концепти… А најважно од сѐ со богатство од среќни приказни на бројни добитници на премии и на поголеми добивки ширум нашата земја“, соопшти Државна лотарија.
Понатаму во соопштението се вели дека од лозот на „новата калинка“ никнале многу плодови.

„На таа плодна почва од среќни насмевки и споделени радости Државна лотарија ја засадува новата калинка, како дрвце на среќата коешто ќе радува со своите плодови. Во оваа 15-та година од приредувањето игри на среќа Државна лотарија го истакнува значењето на плодот калинка земен како симбол во новото корпоративно лого и го вклучува во игра во којашто трите калинки ќе донесат и среќа и благодет и радост“, порачува Државна лотарија.
Од лотаријата велат дека со нетрпение очекуваат да ги запишат нови среќни приказни кои „ќе се потврдат низ богатата симболика на калинката“.
„Откривањето на добивките е лесно и забавно, треба да се пронајдат три исти симболи во полето за гребење каде што трите калинки носат 7 главни премии по 700.000 денари, и три исти износи за други парични добивки“, се вели понатаму во текстот.
На крајот од Државна лотарија порачуваат:
„Оваа 15-годишнина од игрите на среќа на Државна лотарија ќе ја славиме со среќни приказни од инстант лозот Калинка и оние коишто следат, а допрва ќе ви ги откриваме за да го потврдиме и корпоративниот слоган СРЕЌАТА Е НАСЕКАДЕ“.