ХОРОР ВО КИЧЕВО, 72-ГОДИШЕН МАЖ ВО ПОВЕЌЕ НАВРАТИ СИЛУВАЛ ДЕВОЈЧЕ Педофилот заврши во притвор
Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево, соопшти полицијата.
Кичевската полиција уапси педофил на 72-годишна возраст, кој во период од 6 месеци неколку пати силувал девојче. Судот му одреди притвор во траење од 30 дена.
„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.А. (72) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Силување дете кое не наполнило 15 години. По насоки на јавен обвинител, А.А. е лишен од слобода. Одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, по што е спроведен во КПУ Затвор Битола. Пријавевениот, во периодот од ноември 2024 до април 2025 година, во неговиот дом во Кичево и на други места, извршил други полови дејствија врз малолетничка од Кичево“, соопшти полицијата.
На малолетничката ѝ е извршен медицински преглед, се додава во соопштението.
„Со неа е извршен разговор во присуство на член на нејзиното семејство, претставник на Центарот за социјални работи и адвокат за малолетници“, се вели во соопштението.