ЗДРАВ, ВКУСЕН И ДОМАШЕН Лебот од јаткасти плодови е леб на годината
Крцкава кора, богат вкус и нутритивни вредности кои поддржуваат балансирана исхрана – овој леб е совршена комбинација од задоволство и здравје.
Ако го сакате мирисот на свежо печен леб, а внимавате и на вашата исхрана, имаме совршен рецепт за вас. Лебот од јаткасти плодови или Nut bread (Nussbrot), е прогласен за Леб на годината 2025, од страна на германскиот институт за леб (German Bread Institute). Станува збор за леб кој е направен од комбинација од брашно од спелта и разни јаткасти плодови, крцкав однадвор и богат одвнатре – вистинска сензација за непцето.
Но, овој леб не е само вкусен – тој е и одличен сојузник за поздрав начин на исхрана. Јаткастите плодови содржат здрави масти и протеини кои придонесуваат за подолго чувство на ситост, што ги прави идеален избор за секој што сака да ужива во оброците, а воедно да ги регулира апетитот и внесот на калории.
Го имаме рецептот и ќе го најдете на порталот „Арт кујна“.