МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА ВО ЛОНДОН СЕ ОДЛОЖЕНИ Разговорите продолжуваат зад затворени врати без медиуми

Дипломатите од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон требаше да одржат нова рунда преговори со цел да се постигне примирје во тригодишната војна меѓу Украина и Русија.

231

Мировните преговори за Украина, кои беа закажани за денеска во Лондон, а требаше да ги води шефот на британската дипломатија, Дејвид Лами, се одложени, соопшти британското Министерство за надворешни работи.

Во соопштението на Форин Офисот се наведува дека „состанокот за мировните преговори за Украина со министрите за надворешни работи, закажан за денеска (среда), е одложен“, но дека разговорите на официјално ниво ќе продолжат зад затворени врати, без присуство на медиуми, пишува Гардијан.






Дипломатите од Велика Британија, Франција, Германија, Украина и САД денеска во Лондон требаше да одржат нова рунда преговори со цел да се постигне примирје во тригодишната војна меѓу Украина и Русија.

Претходната рунда мировни преговори за Украина се одржа во Париз, на неа присуствуваа претставници на САД, Франција, Велика Британија, Германија и Украина.

Поврзани содржини