ТРОЈЦА КРИВОПАЛАНЧАНИ ТЕПАЛЕ И ТУРНАЛЕ ОД ТЕРАСА СОГРАЃАНИН Полицијата ги приведе и им подготвува кривична пријава

Како што соопшти полицијата настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.

206

Tројца жители на кривопаланечкото село Конопница вчера физички го нападнале, а потоа и го турнале од тераса дваесет и шестгодишниот А.С. од истото село, при што тој се здобил со повреди.

Како што соопшти полицијата настанот се случил вчеравечер, 35 минути пред полноќ.






– Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Крива Паланка ги лишиле од слобода дваесет и шестгодишните Ј.А. и Н.К. како и Е.А (25), сите од село Конопница, кривопаланечко, затоа што во Крива Паланка физички го нападнале и го турнале од тераса  А.С. (26) од истото село кој се здобил со повреди – информираа од  СВР Куманово.

Лицата се приведени и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини