„ЗЛАТНАТА ВИЗА“ НА ДРУГАРОТ НА ЗАЕВ Од ВМРО-ДПМНЕ прашуваат дали Филипче го однел „ќарот“ од ковид‑кризата во Дубаи

Јавно е познато дека добивањето „златна виза“ подразбира инвестиции вредни неколку милиони евра, а Заев таму гради висококатница. Затоа поставуваме едноставно прашање: колку милиони евра Филипче „префрлил“ во Дубаи за да добие и тој таков документ?

1,264

Денови наназад, СДСМ и лидерот Венко Филипче одбиваат да дадат одговори за сомневањата дека поседуваат „златна виза“ за Дубаи, велат од ВМРО‑ДПМНЕ. Откако неодамна ги прашавме дали, по примерот на Зоран Заев и неговиот „чувар на претседателското столче“, Филипче вложил милиони евра за да добие ексклузивен документ што гарантира престој и бизнис‑привилегии, одговор нема.

Јавно е познато дека добивањето „златна виза“ подразбира инвестиции вредни неколку милиони евра, а Заев таму гради висококатница. Затоа поставуваме едноставно прашање: колку милиони евра Филипче „префрлил“ во Дубаи за да добие и тој таков документ?






Имајќи предвид дека Филипче беше министер за здравство за време на најголемата глобална криза – ковид‑пандемијата, дали токму од кризата извлекол лична финансиска добивка и се стекнал со „златна виза“ преку средства стекнати во тој период?

ВМРО‑ДПМНЕ бара СДСМ, наместо молк, јасни и конкретни одговори пред македонската јавност:

„СДСМ има обврска да образложи дали и како Филипче ја добил златната виза за Дубаи, и дали за тоа му биле потребни милионски инвестиции“.

Македонските граѓани заслужуваат транспарентност и објаснување дали зад „молкот“ стои обид за сокривање на непоткрепени финансиски трансакции.

Поврзани содржини