СЕ ОЧЕКУВАШЕ ДА НЕ СЕ УТВРДИ ПРИЧИНАТА ЗА СМРТТА НА МИШЕЛ ТРАХТЕНБЕРГ Властите открија од што почина актерката

Конечниот заклучок е донесен по анализата на резултатите од токсиколошките тестови, според Канцеларијата на главниот лекарски истражител, од каде додадоа дека токсиколошки тест може да се направи без обдукција.

150

Речиси 2 месеца по смртта на американската актерка Мишел Трахтенберг, властите во Њујорк официјално ја објавија причината за нејзината смрт.

Според списанието „Пипл“ (People), актерката починала од природна смрт, предизвикана од компликации, поврзани со дијабетес. Конечниот заклучок е донесен по анализата на резултатите од токсиколошките тестови, според Канцеларијата на главниот лекарски истражител, од каде додадоа дека токсиколошки тест може да се направи без обдукција.






Трахтенберг почина на 26 февруари на 39-годишна возраст, откако службите за итна помош во Њујорк одговориле на повикот и ја пронашле во несвесна состојба и без знаци на живот.

Смртта не се сметаше за сомнителна, па семејството на Трахтенберг одби обдукција поради нивната еврејска вера. Се очекуваше причината за смртта да остане „неутврдена“. Сепак, резултатите од токсикологијата обезбедија одговори.

Родена њујорчанка, Трахтенберг почнала со глума уште како дете. Славата ја стекнала со насловната улога во филмот „Шпионката Хариет“ (Harriet the Spy) од 1996 година, кога имала 10 години. Детските улоги и соработката со Сара Мишел Гелар ја доведе до улога во тинејџерската хит-серија „Бафи – убиецот на вампири“ (Buffy the Vampire Slayer) од пред 25 години.

Нејзината последна (овој пат споредна) улога беше онаа во цртаната ТВ-серија „Шпионката Хариет“ од 2023 година, како д-р Вагнер.

Поврзани содржини