ГЛОБАЛНАТА ТРГОВИЈА ПРЕД КОЛАПС ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Загрижувачка прогноза на Светската трговска организација

Организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

73

Светската трговска организација (СТО) значително ја намали прогнозата за глобалната трговија со стоки, предвидувајќи пад од 0,2 % оваа година поради негативните ефекти од американските царини.

Претходно СТО проектираше раст на глобалната трговија од 3,0%.






Организацијата предупредува дека трговијата може да го доживее најголемиот пад од 2020 година, кога светот беше погоден од пандемијата на коронавирус.

СТО соопшти дека новата проценка се заснова на тековните трговски мерки, вклучително и високите царини наметнати од американскиот претседател Доналд Трамп за челик, автомобили и производи од Кина.

-Многу сум загрижена поради намалувањето на глобалната трговија со стоки. Овој пад има значителни импликации за поширокиот економски раст – ​​рече генералната директорка на СТО, Нгози Оконџо-Ивеала, предупредувајќи дека трговската несигурност може да влијае на глобалните финансиски пазари и економските сектори.

Според прогнозата, трговијата  меѓу САД и Кина би можела да падне за 81%, а без исклучоци за одредени производи, падот би можел да достигне и до 91%.

-Доколку дојде до целосно раздвојување, тоа може да доведе до фрагментација на глобалната економија, намалувајќи го глобалниот БДП за 7% на долг рок – предупреди Оконџо-Ивеала.

Иако трговијата со услуги не е директно засегната од тарифите, СТО предвидува дека падот на трговијата со стоки може негативно да влијае на секторите како што се транспортот, логистиката и туризмот.

Трговијата со комерцијални услуги се очекува да порасне за 4’%.

Поврзани содржини