ТАА Е ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ АНТИОКСИДАНТИ ДЕНЕС Аронијата има силно антиканцерогено дејство, го штити црниот дроб и ја поддржува тироидната жлезда

Ако ја внесувате во форма на сок, искористливоста на здравите состојки е подобра ако се консумира после јадење.

473

Се смета за супернамирница, дури и за најсилниот познат антиоксидант денес. Ова грмушесто растение е отпорно на студ и разни штетници и е се почест избор во домашните градини.

Неговите мали, темно сини бобинки зреат кон крајот на август и септември, но благодарение на способноста да се замрзнат, исушат или преработат во сокови, џемови и сирупи, тие се достапни во текот на целата година. Бобинките од аронија можеби нема да го воодушеват непцето на прв залак, но нутриционистите ги сметаат за еден од најмоќните природни сојузници за здравјето поради нивната исклучителна хранлива вредност.






Аронијата е богата со антиоксиданти, особено со антоцијани, поради што е рангирана меѓу најсилните познати природни антиоксиданти. Покрај тоа, содржи многу витамини Ц, К, А и Е и минерали како што се калиум, калциум, магнезиум и цинк, како и влакна кои промовираат здраво варење.

Повеќе за ова на „Арт кујна“.

Поврзани содржини