📽️ МИСТЕРИОЗНИТЕ РАКАВИЦИ НА НОЛЕ Тајната зад иновативниот трик што го фасцинираше светот на тенисот
За време на натпреварот, камерите го уловија српскиот ас како ги носи ракавиците и ги трие по вратот и лицето. Оваа сцена предизвика бројни прашања меѓу љубителите на тенисот – дали станува збор за нова тајна технологија или пак за некаков психолошки трик на Ѓоковиќ?
Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, откако во четвртфиналето го совлада Американецот Себастијан Корда со 6:3, 7:6. Во следната фаза ќе се соочи со бугарскиот тенисер Григор Димитров, но покрај неговата победа, јавноста беше особено заинтересирана за нешто друго – неговите необични сини ракавици.
За време на натпреварот, камерите го уловија српскиот ас како ги носи ракавиците и ги трие по вратот и лицето. Оваа сцена предизвика бројни прашања меѓу љубителите на тенисот – дали станува збор за нова тајна технологија или пак за некаков психолошки трик на Ѓоковиќ?
Всушност, ракавиците биле полни со мраз, а нивната цел била да го оладат телото за што пократко време. Легендарната тенисерка Мартина Навратилова, која го коментираше мечот за Скај Спортс, остана воодушевена од методот на Новак.
– Го видовме ова пред неколку години – може да ја намали телесната температура за 30 секунди. Го лади крвотокот и дава дополнителна енергија. Не знам зошто повеќе тенисери не го користат ова. Новак секогаш е чекор пред сите кога станува збор за технологијата. Ова е магија и турнирите треба да овозможат вакви алатки за сите играчи – изјави Навратилова.
Овој потег уште еднаш ја покажа посветеноста на Ѓоковиќ кон деталите и неговата способност да користи иновации за подобрување на играта.