ОД КИМ КАРДАШИЈАН ДО ИВАНКА ТРАМП Протече списокот на гости на венчавката на Безос и Лорен Санчез во Венеција
Џеф Безос и Лорен Санчез долго време планираат венчавка, а сега откако се одлучија за датумот, деновиве протече дел од списокот на гости.
Основачот на „Амазон“, милијардерот Џеф Безос, и неговата свршеница Лорен Санчез веќе го одредиле датумот за венчавката, а нивната раскошна прослава веќе е наречена „свадба на векот“. Своето судбоносно „да“ ќе го изговорат во Венеција пред своите најблиски и ѕвездите од А-листата, а како што пренесува „Пејџ сикс“, сакаат сите да бидат воодушевени од венчавката, па нема да штедат на трошоци.
Џеф Безос и Лорен Санчез долго време планираат венчавка, а сега откако се одлучија за датумот, деновиве протече дел од списокот на гости.
Најпрво, наводно сè било закажано за крајот на минатата година, но Безос тоа го демантираше. И понатаму сите ја очекуваат венчавката за која велат дека дефинитивно ќе ја одбележи оваа година кога е гламурот во прашање.
Како што пренесува ТМЗ, на списокот се бројни познати личности од светот на шоубизот, меѓу кои Ева Лонгорија, Орландо Блум, Кети Пери, Опра Винфри, Гејл Кинг, Крис Џенер, Ким Кардашијан… Тука се и Иванка Трамп со сопругот Џаред Кушнер, Карли Клос и нејзиниот партнер Џошуа Кушнер, но и Камела Мороне…
Веќе се испратени покани до гостите.
Џеф Безос и Лорен Санчез се во врска од 2019 година, кога ги потврдија гласините во јануари. Непосредно пред тоа милијардерот поднесе барање за развод од сопругата со која доби четири деца.
И новинарката Лорен Санчез се разведе по 13 години брак во кој доби две деца.