УШТЕ 48 ЧАСА ПРИТВОР ЗА 16 ЛИЦА УАПСЕНИ ВО ВРСКА СО ПОЖАРОТ Основниот суд Кочани го прифати предлогот за продолжување на мерката

ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.

345

Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА.

ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за продолжување на мерката краткотраен притвор за нови 48-часа за 16 лица досега опфатени со постапката на кои оваа мерка им истекува во текот на денот.






На уште две лица, по предлог на обвинителството, притвор им е определен во текот на вчерашниот ден и тој сè уште трае. Вкупно мерката краткотраен притвор до овој момент е побарана за 18 лица.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро загинаа 59 лица, додека над 150 се повредени.

Поврзани содржини