АДВОКАТОТ МАРЈАН ВИТАНОВСКИ СЕ ОТКАЖА ОД ОДБРАНАТА НА ПАЛЕВСКИ Страшевски ќе продолжи да го застапува Палчо

Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент - изјави адвокатот Витановски по првото рочиште од овој судски процес, кој трае веќе неколку месеци.

4,246

Адвокатот Марјан Витановски му го откажал полномошното на неговиот клиент Љупчо Палевски Палчо, првообвинет за убиствата на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски што се случија во ноември 2023 година. Судијата Ивица Стефановски ја прочита одлуката на адвокатот од Куманово.

ПАЛЧО ЈА ЧИСТЕЛ ЛОПАТАТА СО WD-40 ЗА ДА ИЗБРИШЕ ДНК ТРАГИ „Откако ја закопавме Вања, Палевски ладнокрвно запали цигара и отвори да види што има на интернет“, вели Манев






Адвокатот Јовица Страшевски ќе продолжи да го застапува Палевски.

Од самиот почеток на судењето Палевски беше застапуван од кумановскиот адвокат Марјан Витановски.

СОУЧЕСНИЦИТЕ НА ПАЛЕВСКИ БИЛЕ ДЕЗОРИЕНТИРАНИ ЗА ТОЧНОТО ВРЕМЕ „Јас бев наведнат да му ги одврзам рацете, а ти му пукаше во слепоочница“, му рече Манев на Палчо

– Нема докази, верувам дека ќе ја докажеме невиноста на мојот клиент Љупчо Палевски. Според доказите, постои голема можност обвинетиот Љупчо Палевски воопшто да не биде поврзан со кривичните дела. Многу адвокати се оградија, ама јас цврсто и искрено верувам во невиноста на мојот клиент – изјави адвокатот Витановски по првото рочиште од овој судски процес, кој трае веќе неколку месеци.

Денеска во судницата треба да се соочат Палевски и второобвинетиот Велибор Манев, кој на претходното рочиште посочи дека Палчо со пиштол ги убил Вања и Панче.

„ПРАШАЈТЕ ГО ПАЛЕВСКИ ЗОШТО ЈА УБИ ВАЊА“ Манев вели дека само Палевски го знаел планот за откуп

Поврзани содржини