🎥 „СО СОПСТВЕНИ РАЦЕ ГИ ВАДЕВ И ЖИВИТЕ И МРТВИТЕ, НЕ ЗНАЕТЕ КАКО МИ Е“ Приведениот член на обезбедувањето во дискотеката не чувствува вина

Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата и фамилиите на починатите кои се голем дел и мои пријатели и другари кои со сопствени раце ги вадев. Не знаете како ми е мене, но тоа е, вели Столе Боев, дел од обезбедувањето на дискотеката „Пулс“ во Кочани.

2,967

Лошо е кога на права душа пцујат, вели Столе Боев, обезбедување на дискотеката „Пулс“ во Кочани каде што избувна пожар во кој загинаа 59 млади.

На прашањето дали чувствува вина, тој кратко одговори: Не!






– Јас ги спасив сите кои можев и многу ми е криво и мака за тие кои не можев да ги спасам. Со голема болка и тага изразувам сочувство до семејствата и фамилиите на починатите кои се голем дел и мои пријатели и другари кои со сопствени раце ги вадев. Не знаете како ми е мене, но тоа е – вели Боев.

Поврзани содржини