СТОПАНСКАТА КОМОРА ИМ НУДИ ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВАТА НА НАСТРАДАНИТЕ Азески изрази сочувство и ја поддржа намерата на Владата за одговорност
Знам дека нема зборови за утеха, но човечки е да се изрази сочувство и да се помогне во вакви моменти, бидејќи Kомората со своите членки е едно семејство, напиша Бранко Азески, претседател на Стопанската комора.
Бротчето во Охрид, автобусот кај Ласкарци, авионите во Охрид и Скопје, модуларната болница во Тетово и последниот случај во Кочани со дискотеката „Пулс“, ја потврдија тезата дека не успеавме да изградиме држава која структурално ќе функционира во интерес на граѓаните, туку живееме во држава која 34 години после својата независност сè уште работи во корист на нивната штета, напиша Бранко Азески, претседател на Стопанската комоа.
„Да не зборувам за приватниот бизнис-сектор затоа што моите ставови ви се познати. Овде е потребен само еден збор – одговорност, којшто Владата на премиерот Мицкоски мора да ја издигне на највисок пиедестал. Тоа значи санкции за сите, попуст за никого. СКСМ и членките – најреномираните македонски компании изразуваат длабока жалост и сочувство кон сите настрадани и повредени лица и членовите на нивните семејства и јавно изјавува дека од денес ќе ги организира своите членки кои изразија желба организирано, преку Комората да помогнат на семејствата на настраданите и тоа ќе биде координирано преку Стручната служба на Комората (Билјана Лепавцова 071 291-736). Како прва интервентна помош, вработените во Стопанската комора на Северна Македонија во текот на утрешниот ден ќе донираат 2 милиони денари на сметката на локалната самоуправа во Кочани. Другата синхронизирана поддршка од компаниите ќе биде итно доставена“, пишува Азески.
Иако е невообичаено во вакви прилики да се додаваат и други работи, додава тој, би сакал да изразам сочувство и до сопствениците и менаџерите на компаниите од тој регион чии вработени доживеаа загуба која е ненадоместлива.
„Знам дека нема зборови за утеха, но човечки е да се изрази сочувство и да се помогне во вакви моменти, бидејќи Kомората со своите членки е едно семејство. До Комората пристигнаа и писма за сочувство од партнерските комори и изразија подготвеност да помогнат за сè што е потребно“, напиша Азески.