БЕКТЕШИ БИЛ ЗАДРЖАН ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА ПОРАДИ НАТАМОШНИ ПРОВЕРКИ Адвокатот Миланов вели дека нема правна квалификација за поранешниот министер

Работата е што нема правна квалификација. Тој е повикан со покана на информативен разговор на којшто се јавил и по информативниот разговор е побарано да биде задржан за понатамошнни проверки додека Министерството провери што и како, истакна адвокатот Еленко Миланов.

830

Адвокатот на поранешниот министер за економија Крешник Бектеши денеска во изјава за медиумите рече дека Бектеши вчера бил повикан на информативен разговор во полициската станица во Карпош и дека сам се јавил по што е побарано тој да биде задржан заради понатамошни проверки.

– Вечерва му истекува времето од 24 часа на задржување – изјави адвокатот Еленко Миланов, додавајќи дека до 14 часот во судот немало никакви известувања за некаква постапка против Бектеши.






Прашан за кои околности е повикан Бектеши во полициска станица, Миланов рече дека засега нема правна квалификација.

– Работата е што нема правна квалификација. Тој е повикан со покана на информативен разговор на којшто се јавил и по информативниот разговор е побарано да биде задржан за понатамошнни проверки додека Министерството провери што и како – рече Миланов.

Поранешниот министер за економија Крешник Бектеши вчера е повикан на информативен разговор во полициска станица, во врска со пожарот во ноќниот клуб во Кочани.

СЕ БАРА КРАТКОТРАЕН ПРИТВОР ЗА 14 ЛИЦА, МЕЃУ НИВ Е И КРЕШНИК БЕКТЕШИ Коцевски ветува брза и ефикасна истрага

Поврзани содржини