ЌЕ ВРНЕ И ЌЕ ВЕЕ Од вторник нè чекаат минусни утрински температури
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне, а особено во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, повремено во форма на невреме со засилен ветер.
Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (над 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.).
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, попладне, а особено во вечерните часови нестабилно со пороен дожд и грмежи, повремено во форма на невреме со засилен ветер.
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта кон вторник и во вторник претпладне врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка (2-10см). Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури кои до петок насекаде ќе бидат под нула.