45-ГОДИШНА ПАЦИЕНТКА ОПЕРИРАНА ВО НИШ Имала изгореници на 25% од телото

По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап.

912

Пациентка од Кочани каде синоќа се случи пожар во дискотека при што загинаа 59 лица, пристигна доцна попладнево на лекување во Универзитетскиот клинички центар во Ниш, јави МИА.

„Во Универзитетскиот клинички центар Ниш, од Северна Македонија во доцните попладневни часови е донесена 45-годишна пациентка со изгореници што зафатиле приближно 25 проценти од нејзината телесна површина и знаци на изгореници на дишните патишта. По приемот во Универзитетскиот клинички центар Ниш, повредите се хируршки третирани и направен е алтернативен респираторен пристап. Пациентката е хоспитализирана на одделот за интензивна нега“, соопшти УКЦ во Ниш, јави МИА.

Поврзани содржини