ХОЛАНДИЈА СТАВА КОЧНИЦА НА ЕУ ПЛАНОТ ЗА ОРУЖЈЕ Премиерот Схоф против заеднички заеми

Минатата недела Схоф се согласи со планот на ЕУ вреден 800 милијарди евра, но истиот беше отфрлен во холандскиот парламент со тесно мнозинство, во кое гласаа и некои од пратениците од владејачките партии.

344

Холандскиот премиер Дик Схоф изјави дека неговата земја нема да даде безусловна поддршка на планираниот повеќемилијарден план на Европската Унија за ревооружување, јави ДПА.

Тој нагласи дека Холандија нема да се согласи со заеднички заеми и значително олеснување на буџетските правила.






Минатата недела Схоф се согласи со планот на ЕУ вреден 800 милијарди евра, но истиот беше отфрлен во холандскиот парламент со тесно мнозинство, во кое гласаа и некои од пратениците од владејачките партии.

По кризна средба, Схоф и партиските лидери постигнаа компромис, а главната критика останува планираното финансирање на одбраната преку заеднички заеми, што би го зголемило државниот долг.

Холандската Влада соопшти дека ќе заземе конструктивна позиција во преговорите со ЕУ, но го задржува правото да стави вето на одредени делови од пакетот или да се воздржи од гласање.

Во писмо до парламентот, Владата нагласи дека јавниот долг мора да остане ограничен и дека финансиската стабилност не смее да биде загрозена.

Поврзани содржини