ПИСМОТО НА ТРАМП ДО ИРАН ЌЕ БИДЕ ДОСТАВЕНО ПРЕКУ АРАПСКА ЗЕМЈА За нуклеарната програма Техеран ќе зборува и со Москва и Пекинг
Писмото (со предлог од американскиот претседател за нов нуклеарен договор) е напишано, но сè уште не е пристигнато и наскоро ќе биде доставено од арапска земја, изјави за новинарите иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Иран денеска објави дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп за нов нуклеарен договор упатено до иранските лидери треба да биде доставено до Техеран преку арапска земја.
– Писмото е напишано, но сè уште не е пристигнато и наскоро ќе биде доставено од арапска земја – изјави за новинарите иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи.
Во исто време, Трамп ја врати политиката на „максимален притисок“ врз Иран со нови санкции против иранскиот нафтен сектор и се закани со употреба на сила.
Иран исто така денеска потврди дека оваа недела ќе разговара со Кина и Русија за својата нуклеарна програма, откако Пекинг објави дека ќе биде домаќин на состанокот.
Портпаролот на Министерството за надворешни работи, Есмаил Бакаи, во изјавата рече дека тринасочните разговори в петок ќе се фокусираат на „развојот поврзан со нуклеарното прашање и укинувањето на санкциите“.