ПУТИН И ТРАМП НАСКОРО НА ЛИНИЈА? Русија очекува детали од разговорите во Џеда

Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тоа ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците овозможуваат тоа да се направи за прилично краток временски период, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

90

Кремљ не ја исклучува можноста за скорешен телефонски разговор меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на САД, Доналд Трамп, по американско-украинските разговори во Џеда, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Не исклучуваме дека може да се појави тема за телефонски разговор на највисоко ниво. Доколку се појави таква потреба, тоа ќе се организира многу брзо. Постојните канали за дијалог со Американците овозможуваат тоа да се направи за прилично краток временски период – рече тој.






Песков додаде дека Русија очекува да добие информации за деталите од разговорите во Џеда со САД.

Поврзани содржини