АПЕЛАЦИЈА ЈА ОБЈАВИ ОДЛУКАТА ЗА ОСЛОБОДЕНИОТ ДИЛЕР НА ДРОГА И ОРУЖЈЕ На слобода согаранција од 618.000 евра
Апрема обвинетиот В. Е. се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 од Законот за кривична постапка, соопшти скопска апелација.
Апелациониот суд Скопје денеска соопшти дека е укината мерката притвор за обвинетиот Валмир Етеми, кој е организатор на групата за трговија со дрога и со оружје во охридско-струшкиот регион, со прифаќање гаранција во вкупен износ од над 600 илјади евра. На обвинетиот му се определени мерки на претпазливост.
„Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КСЖ-162/25, на нејавна седница одржана на ден 6.3.2025 година, ја уважи жалбата на обвинетиот В.Е од С. Решението на Основниот кривичен суд го преиначи на начин што ја укина мерката притвор определена спрема обвинетиот В. Е. од С., со прифаќање гаранција во вкупен износ од 618.147 евра или во денарска противвредност од 38.016.040 денари. Истовремено, спрема обвинетиот В. Е. од С, се определени мерки на претпазливост, согласно член 146 став 1 точка 2 и 3 од Законот за кривична постапка“, соопшти скопска апелација.
Вака донесената одлука со образложени причини е целосно објавена на веб-страната на Судот, согласно со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, се додава во соопштението.