📷 ШОКАНТНИ ПАПАРАЦО ФОТОГРАФИИ Ќерките на Џин Хекман снимени насмеани на појадок само ден по неговата смрт

Веста дека легендарниот холивудски актер Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и нивното куче се пронајдени мртви во нивниот дом одекна во светот. 

918

Веста дека легендарниот холивудски актер Џин Хекман, неговата сопруга Бетси Аракава и нивното куче се пронајдени мртви во нивниот дом одекна во светот.

Колеги, обожаватели и пријатели се збогуваат со актерската легенда.






Неговите ќерки Елизабет и Лесли се простија од својот татко преку објава. Иако ќерката на Хекман, Елизабет Џин, претходно изјави за ТМЗ дека семејството се сомнева дека е виновно труење со јаглерод моноксид, властите не посочија на непосредни знаци на такво труење или надворешна траума.

„Првичните наоди не забележаа надворешна траума на ниту една личност“, рекол шерифот Адан Мендоза во изјавата, додавајќи дека за двете лица биле побарани тестови за јаглерод моноксид и токсикологија.

Меѓутоа, сега испливуваат и други детали.

Елизабет и Лесли биле видени како насмеани излегле од нивниот сив автомобил и влегле во ресторан во Бурбенк, Калифорнија, а потоа и како излегуваат од ресторанот „Денис“.

Фотографиите се појавија по објавата за смртта на нивниот татко и изјавата на Лесли за „Дејли мејл“ во четвртокот дека семејството сè уште чека информации за причината за смртта на нивниот татко.

 


Имено, 59-годишната Лесли изјавила дека семејството сè уште го процесира она што се случило, бидејќи „немало индиции за никакви проблеми“ со нејзиниот татко пред неговата смрт.

„И покрај неговите години, тој беше во многу добра физичка кондиција“, открила таа и додала дека нејзиниот татко во изминатите неколку месеци немал поголеми операции.

Меѓутоа, бидејќи живее во Калифорнија, таа рекла дека поминале неколку месеци откако последен пат го видела или слушнала својот татко, и покрај тоа што биле блиски.

„Бевме блиски. Не разговарав со нив неколку месеци“, рекла таа.

Семејството сè уште ги чека точните информации од полицијата што се случило и кога починал парот. Нивните тела ги открил работник кој повикал брза помош. Се верува дека тие можеби се мртви две недели, а истрагата покажала дека и двете тела биле пронајдени со знаци на распаѓање.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Поврзани содржини