📷 МИЛОШОСКИ ЈА ФАТИ ФАНИ ВО ГРУБА ЛАГА Кој го потпиша Договорот за стратешко партнерство со САД?
Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ ја обвини потпретседателката СДСМ Фани Каранфилова Пановска за манипулација, нагласувајќи дека Договорот за стратешко партнерство со САД бил потпишан во 2008 година, за време на владата на ВМРО-ДПМНЕ. Тој објави и фотографија со тогашната државна секретарка на САД, Кондолиза Рајс, како доказ за своите тврдења.
„Се замолува потпретседателката на СДСМ да не ја манипулира јавноста“.
Ова денеска го објави пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, откако потпретседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска во емисијата „360 Степени“ рече дека Владата на СДСМ го поптишала Договорот за стратешко партнерство со САД.
Милошоски објави и фотографија од 7 мај 2008 година на којашто е во друштво на Кондолиза Рајс, државен секретар на САД во администрацијата на тогашниот американски претседател Џорџ В. Буш.
Фотографијата, како што подвлече Милошоски, е направена при потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство помеѓу Македонија и САД.
Се замолува потпретседателката на @SDSMakedonija да не ја манипулира јавноста 🇲🇰🇺🇸
(Washington DC, 7ми мај 2008) https://t.co/I0jYLIIhtz pic.twitter.com/IjfpHzlwVB
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) February 25, 2025
Добро утро .@AMiloshoski
Може ли да замолам за еден фактчекинг овде?
Благодарам! pic.twitter.com/bth2knoPMo— John Priest (@john_priest_mk) February 25, 2025