ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА РЕНОВИРАШЕ 11 ИГРАЛИШТА ВО СКОПЈЕ Донирани се повеќе од 30 милиони денари

89

Под слоганот „Играј со најдобрите“, Видеолотарија Касинос Австрија со 30.269.369 денари реконструираше 11 игралишта во Скопје и во околината.

– Во рамки на нашата стратегија за општествена одговорност, преку проектот „Играј со најдобрите“, се фокусиравме на обезбедување инфраструктура за спортување. Придобивките ќе ги имаат првенствено најмладите, но и останатите граѓани. Со донација од 30.269.369 денари во изминатиов период, во Скопје и околината, ставивме во функција, 11 игралишта. Од нив 6 се мултифункционални спортски игралишта на кои може да се игра ракомет, фудбал или кошарка, а 5 се инклузивни детски игралишта. Нашата идеја е да придонесеме во развојот на спортскиот дух кај младите и градењето здрави навики, преку забава и игра – велат од Касинос Австрија.






Видеолотарија и во иднина, одговорно ќе продолжи со својата мисија за креирање зони за спорт, забава и рекреација на најмладите низ целата земја. Со оваа стратегија, Видеолотарија Касинос Австрија ги реализира општествено одговорните компаниски цели, значајни за развој и унапредување на животот на граѓаните.

Поврзани содржини